Хрватската Ракета ќе се „лансира“ во Милано

Милан во 2018 година се обидуваше да го донесе Иван Ракитиќ во своите редови, тогаш не успеа, но се чини дека Росонерите прават и втор обид да го купат сега веќе 32-годишниот хрватски плејмејкер, па можеби летово и наесен ќе им се посреќи. Во раководството на Милан веќе го нема Хрватот Звонимир Бобан, и нејасно е дали тоа би можело да биде проблем во преговорите.

Ракитиќ сака да си замине од Барселона, каде што не игра премногу, а за него се интересираат и Атлетико Мадрид и Интер. Релативно мали се шансите да се пресели во Мадрид, бидејќи во Шпанија негов омилен тим е Севилја, па после Барса, вели оти би се вратил само во клубот од Андалузија.

Миланското градско дерби за услугите на Ракитиќ се чинеше дека ќе го добие Интер, но после ангажирањето на Антонио Конте, работите се сменија. Конте од Барселона сака да го купи Артуро Видал, кој е во слична позиција како Ракитиќ, па Иван во наредниот преоден рок би можел да го засили Милан, кој сега е најконкретен во намерата.

- Оглас -

Најнови вести