Хрватски третолигаш ќе добие 1,5 милиони евра затоа што нивно дете вечер е во составот на Барса

Сензационалниот трансфер на 19-годишниот Сенегалец Микаел Фаје од хрватскиот третолигаш Кустошија во Б тимот на Барселона, вечерва добива нова димензија, клубот Кустошија ќе добие дури 1,5 милиони евра.

Трансферот на Фаје беше 5 милиони евра, сума која ќе се плати на пет рати, а во договорот има и разни бонуси, од кои едниот е од 1,5 милиони евра за Кустошија, ако Фаје се најде во составот на првиот тим на Барса на некој прволигашки меч.

Не мора ни да игра Сенегалецот, и да остане на клупа цел меч вечерва, хрватскиот третолигаш ќе се збогати.

- Оглас -

Најнови вести