Хрватскиот Хансен и официјално потпиша, Алушовски најавува посилен Вардар 1961 за следната сезона

Сега е и официјално, од следната сезона на позицијата лев бек во ракометниот тим на Вардар 1961 ќе игра хрватскиот интернационалец Анте Кудуз. Македонскиот првак потпиша двегодишен договор со 25-годишниот Кудуз, и тој во клубот од Скопје би требало да остане до летото 2023 година.

Кудуз е висок 202 см., доаѓа од екипата на Динамо Букурешт каде лани беше прогласен за најдобар играч во првенството на Романија, а со екипата избори и пласман во осминафиналето на ЛШ.

Во својата кариера Кудуз има настапувано и за хрватските Осијек и Вараждин, Дижон (Франција), Винтертур (Швајцарија). Лино Червар го повика во националниот тим на квалификацискиот дуел со Белгија за пласман на ЕП, и Кудуз постигна 1 гол.

„Со ангажирањето на Кудуз би требало да добиеме на шутерски начин уште подобра лева страна и играч што ќе може да биде уште поубоит кон противничкиот гол. Неговите игри во Динамо, особено во Лигата на шампионите беа одлична препорака. Верувам дека ќе успее да се вклопи во нашата концепција и систем на играње. Вардар веќе го создава тимот за следната сезона, очекуваме костурот на тимот да го задржиме, и со засилувањата Вардар да биде уште поконкурентен на меѓународна сцена“ – вели тренерот Стевче Алушовски.

Вардар 1961 за од следната сезона го договори и десното крило Дарко Ѓукиќ, а од сега на полусезона пристигна и Васко Шеваљевиќ.

- Оглас -

Најнови вести