Хрватскиот селектор го зголеми возниот парк со култниот „коцкест“ Голф

Актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, го зголеми возниот парк со возило произведено од 1983 година, „Голф еден“.

Станува збор за култно возило, кое е обоено во хрватскиот грб, односно во „црвено-бели коцкички“.

Доскорешниот сопственик, Зоран Аниќ, со култниот автомобил од 2008 година ги следеше натпреварите на хрватската репрезентација низ Европа.

Далиќ возилото го купи на аукција за 4,913 евра, а парите од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

На автомобилот се наоѓаат потписите на сите фудбалери кои беа дел од селекцијата на Хрватска на Светското првенство во Русија 2018 година каде Коцкестите станаа светски вицешампиони.

- Оглас -

Најнови вести