Хрватските ракометари не сакаат да бидат нарекувани „каубои“

Ракометната федерација на Хрватска во име на играчите и стручниот штаб излезе со молба до новинарите нивните репрезентативци веќе да не ги нарекуваат каубои.

Прекарот Каубои на Хрватите им беше даден пред Светското првенство во 2009 година кое се одржа во нивната земја, а „кум“ им бил легендарниот капитен Ивано Балиќ, кој сметал дека е соодветен, со оглед на начинот на којшто се однесувале на теренот. Тогашната генерација не сакала да бидат нарекувани Пеколни, па самата се прекрсти во Каубои. Сегашните играчи не сакаат да бидат Каубои, се чека на нов прекар кој ќе треба да се заслужи со игри на терен.

- Оглас -

Најнови вести