Остануваат уште само 24 часа да ги пополните вашите типови за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life. Од она што може да се забележи од досегашните типови, ниту една екипа не е голем фаворит, па се очекуваат многу нерешени резултати.
Според играчите на Спортската прогноза, вечното хрватско дерби во Сплит, помеѓу Хајдук и Динамо, ќе заврши без победник, а во поделба на бодовите веруваат 42% од играчите.
Она што е изненадување, е очекувањето на играчите на Спортската прогноза дека шампионите на Франција и Англија, ПСЖ и Ливерпул, викендов ќе загубат. „Светците“ гостуваат кај Стразбур, а само 28% очекуваат победа од ПСЖ.
Уште помал е процентот за победа на Ливерпул, само 19% од типувачите веруваат во успех на „црвените“ на гостувањето кај Челзи.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.