Хулигани безмилосно тепаа девојка која во болница сега се бори за живот (Видео)

Тепачките меѓу навивачите на два клуба се речиси и редовна појава во земјите од Јужна Америка. Сепак, тоа што се случи во Колумбија, ги помина сите граници. Симпатизери на екипите на Унион Магдалена и Милионариос во Санта Марта направија големи нереди.

Беа повредени неколку навивачи, но најлошо помина една девојка. Тројца хулигани тргнаа безмилосно да ја тепаат девојката. Таа не можеше никако да се одбрани, па на крајот заврши целата облиена во крв падната на улица. Веднаш потоа девојката е префрлена во болница, каде што се бори за живот.

Нередите ги предизвикале гостинските навивачи кои ги нападнале домашните фанови и полицијата. И еден полицаец е избоден со нож и тој бил префрлен во болница.

 

- Оглас -

Најнови вести