Хулигани малери – пишуваа расистички графити и налетаа на Кличко (Видео)

Легендарниот боксер Витали Кличко, кој сега е градоначалник на украинската престолнина Киев, на „Фејсбук“ објави интересна снимка на која се гледа како тој „препаднува“ двајца сограѓани кои на еден ѕид пишуваа расистички графити.

Кога го видоа двометрашот боксер-градоначалник, тие се исплашија. Едниот имаше и маска, а Кличко му ја симна за полесно да биде идентификуван. Откако им одржа едукативна лекција, едниот побегнал, а другиот бил задржан од Кличко до доаѓањето на полицијата.

Погледнете како изгледаше средбата:

- Оглас -

Најнови вести