Симболична цена на билетите за одлучувачкиот меч на Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за мечот од претквалификациите за Европското првенство против Ирска.

Дуелот се игра на втори јули, во салата „Лазар Лечиќ”, со почеток во 18 часот, а билетите се по симболична цена од 200 денари и се продаваат преку МКтикетс.

Македонија е лидер во групата со максимални четири победи од четири натпревари, а со победа против Ирска и теоретски ќе го обезбедиме местото во главните квалицикации.

- Оглас -

Најнови вести