Хулк и Оскар ја пробија кинеската одбрана во финишот, но ќе играат продолженија во карантин

Двајцата познати фудбалски асови од Бразил, Хулк и Оскар, во последен момент влегоа во Кина, но ќе мора да издржат двонеделен карантин, па потоа да му се приклучат на својот клуб Шангај СИПГ.

Со авион од Бразил, кој слета само десет минути пред комплетната блокада на кинеските граници, капитенот Хулк и неговиот сонародник и соиграч пристигнаа во земјата во која играат фудбал.

Кина комплетно ги затвори границите за да не им се повтори епидемијата со Коронавирусот. Хулк пристигна сам, а Оскар е во најбројната земја на светот со своето семејство и ќе мора во карантин заедно со нив.

Шангај СИПГ заврши на третото место лани и се пласира во азиската Лига на шампиони, а засега одложени се натпреварите од новата сезона, која не е почната.

Кинезите се оптимисти дека топката ќе почне да се тркала од 17 април со мечевите од седмото коло, а дополнително ќе бидат одредени термините на стартните шест кола што се одложени.

- Оглас -

Најнови вести