Хуманиот Стерлинг: 550 ученици бесплатно на полуфиналето од ФА купот

Манчестер сити се подготвува за саботниот дуел против Брајтон во полуфиналето од ФА купот, а „граѓаните“ на тој меч ќе имаат поддршка од трибините од невообичаени навивачи. Имено, нивниот фудбалер Рахим Стерлинг купил билети за 550 ученици од локално училиште во Лондон кое се наоѓа во непосредна близина на стадионот каде што треба да се одигра полуфиналето, а станува збор за „Вембли“.

Стерлинг се одлучил за ваков потег во знак на благодарност за училиштето каде што го започнал своето образование откако се преселил во Лондон од Јамајка на свои пет години. Учениците исто така ќе присуствуваат на тренинзите предвидени во пресрет на дуелот со Брајтон, каде што ќе имаат можност да се запознаат со фудбалерите во сини дресови.

Ова е одличен начин да се промовира настапот на Сити во походот кон нов трофеј во оваа сезона, особено што имаат проблеми со продажба на билети и засега не можат да ги наполнат трибините на „Вембли“ предвидени за нивните поддржувачи.

Англискиот првак побара 25.000 билети да бидат за нивни навивачи, меѓутоа се соочуваат со потешкотии да ги распродадат, а овој случај не прв за „граѓаните“. Сити веќе со години се обидува да го распродаде својот стадион, иако играат атрактивен фудбал и освоија голем број трофеи во изминативе години.

Ниту фактот што го имаат Пеп Гвардиола за менаџер, а ниту обилниот број ѕвезди во тимот не се примамливи за навивачите секој викенд да ги полнат трибините на „Етихад“.

 

- Оглас -

Најнови вести