Хуманите Англичани ќе го донираат бонусот ако ја освојат европската титула

Недела се чека со нетрпение за да се дознае новиот фудбалски владетел на Европа, ќе биде тоа Англија или Италија кои ќе се сретнат во финалето на „Вембли“.

Доколку Гордиот Албион ја освои европската титула, ќе направи голем гест така што ќе го донира бонусот вреден 9,5 милиони фунти на Националната здравствена организација, чии што вработени макотрпно работат во последната година и пол во борбата против корона-вирусот.

Инаку, Англија ќе инкасира 40% од наградниот фонд доколку стане европски првак, односно ќе добие околу 24 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести