И Американците се откажаа од СП, се знае и која е селекцијата на која ќе ѝ се посреќи како на Македонија

По откажувањето на чешката ракометна репрезентација од Светското првенство непосредно пред стартот на Мундијалот, се случи и втора селекција да не биде дел од завршницата. Судбината на Чешка ја снајде и репрезентацијата на САД. Голем дел од американските ракометари се заразени со корона-вирусот и нема доволен број на играчи кои би можеле да отпатуваат во Египет.

Македонија беше првиот „џокер“ и на СП ќе се најде на местото на Чешка, а сега куферите за Египет треба да ги пакуваат и Швајцарците. Оваа репрезентација беше втора резерва, па по откажувањето на Американците, Швајцарија ќе биде на завршницата во Египет и ќе се приклучи во група со Франција, Норвешка и Австрија.

 

- Оглас -

Најнови вести