И Ангеловски потврди дека си заминува: Ова е последна моја прес-конференција како селектор

Игор Ангеловски потврди дека повеќе нема да биде селектор на Македонија, а се прости со пораз од Холандија со 0:3. Договорот му завршува на 31 јули, а и самиот најави дека ова е крај на убавата авантура што нè одведе и на историски настап на Европско првенство.

„И формално-правно заврши мојот договор со ФФМ. Ова е мојата последна прес-конференција. Горд сум што им бев селектор на овие одлични момци. Секако, му благодарам и на Горан Пандев, кој е светска фудбалска величина. Им благодарам и на навивачите, медиумите и на сите што ни даваа поддршка.

Ќе го паметиме ова Европско првенство како прво и историско што го играла Македонија, но, секако, треба да преспиме и да направиме анализа на овој и на останатите два натпревари“, изјави Ангеловски.

Тој е првиот селектор што ја одведе Македонија на големо натпреварување, а главен кандидат за негов наследник е Боби Милевски, селектор на младата репрезентација за играчи до 21 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести