Бетмен даваше изјава за Бостон, реакцијата на Тејтум е хит (Видео)

Еден од најборбените играчи во тимот на Бостон селтикс, Грент Вилијамс, подготвен ја дочека Ноќта на вештерките, а шоуто му го украси најдобриот кошаркар кај Келтите, Џејсон Тејтум.

Вилијамс одлучи да даде изјава во костумот на Бетмен по победата против Вашингтон со 112:94 и почна на интересен начин, имитирајќи го и гласот на славниот стрип и филмски јунак.

Од страна се слуша коментарот на Тејтум, кој му вели на Вилијамс: „Што правиш по ѓаволите“ и потоа со нив двајца и сите нивни соиграчи од Бостон почнаа да се смеат.

https://twitter.com/TheNBACentral/status/1586888456067760130?s=20&t=CrFS_b9YeJAzDCLTUZPooA

Ланската сезона Бостон играше во финалето на НБА, но загуби од Голден стејт вориорс, а очигледно е дека атмосферата кај 17-кратниот првак пак е одлична и ќе се обидат да ја освојат рекордната 18-та титула.

Ист број шампионски прстени, 17, има и Лос Анџелес, а трет е токму Голден стејт вориорс со 7.

 

- Оглас -

Најнови вести