И без потрошено евро летово може да се направи одлична екипа

На многу квалитетни фудбалери кои играат во топ 5 лигите низ Европа на 30 јуни им истекуваат договорите и тие за една недела стануваат слободни агенти. Доколку сте способни да ги донесете најдобрите, тогаш за без пари може да составите многу квалитетен тим кој би се борел за трофеи.

Тимот би изгледал вака: Буфон на голот, во одбраната Дани Алвеш, Кејхил, Вермален и Филипе Луис, во средниот ред Рабио, Андер Ерера и Рибери, а во нападот Велбек, Стариџ и Крузе.

Освен Буфон, слободен голман е и Мексиканеџот Гилермо Очоа кој бранеше за Стандард Лиеж. Во одбраната, покрај наведените, не се за потценување ниту Антонио Валенсија, Запата, или Алберто Морено. Од играчи кои го држат средниот ред слободен е и Самир Насри, а од напаѓачите не треба да платите обештетување да го доведете Марио Балотели или Фернандо Љоренте.

- Оглас -

Најнови вести