И без публика во Тбилиси нѐ чека жешка атмосфера (Фото)

Грузија ја тресат големи протести на опозицијата што се во тек и се сè побројни, што може да претставува проблем пред гостувањето на Македонија во историски меч што ќе се игра во Тбилиси на 12 ноември, а може да нè одведе на Европското првенство идната година.

Протестите на опозицијата не можат директно да го загрозат одржувањето на мечот бидејќи Фудбалската федерација на Грузија гарантира пред УЕФА за нормален тек на финалниот натпревар во Сегментот Д во Лигата на нациите, но може да влијаат на амбиентот во Тбилиси.

Во саботата илјадници жители на Тбилиси и од останатите делови на Грузија жестоко протестираа против, како што велат, кражбата на гласови од владеачката партија „Сонот на Грузија“ која победи на изборите одржани на 31 октомври. Имаше и судир со полицијата, која употреби водени топови против луѓето што протестираа.

Сепак, судбината на фудбалскиот меч што значи историја за двете репрезентации кои никогаш не играле на големо натпреварување ќе се одлучува на одличниот терен на стадионот „Борис Паичаѕе“ во Тбилиси на 12 ноември со почеток од 18 часот.

Ќе се игра без публика, по препораките на УЕФА во услови на пандемија со ковид-19, што ќе биде предност на Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести