И без титула со Аргентина, Меси пак е најдобар во историјата

Лионел Скалони, селекторот на Аргентина, го отстрани притисокот врз имењакот Меси во пресрет на финалето на Копа Америка.

Гаучосите се во потрага по 15-тиот трофеј во ова натпреварување со кое би го израмниле рекордот на Уругвај, додека Меси ќе се обиде да го скрши проклетството и конечно ќе освои титула со својот национален состав.

Скалони вели дека нема да биде крај на светот доколку Аргентина загуби од Бразил, но и дека Меси секако е најдобар фудбалер во историјата.

„Нормално дека натпреварот е важен, се игра за континентална титула, но треба да разбереме дека нема да биде крај на светот доколку не победиме. Бразил има квалитетен тим, впрочем го брани трофејот, а ние знаеме што треба да направиме за да го спречиме тоа. Без разлика дали Аргентина ќе слави во финалето, Меси секако е најдобар фудбалер во историјата. Не му треба континентална титула за да го докаже тоа“, посочи Скалони.

Големото финале на Јужна Америка е предвидено да се одигра во 2 часот по полноќ на „Маракана“ стадионот во Рио. Без разлика на победникот, Меси има големи шанси да биде прогласен за најдобар играч на турнирот со својот блесок досега и учинок од пет гола и четири асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести