И Федерер жестоко критикуван поради однесувањето за време на пандемијата

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ја разгневи јавноста поради неговото неодговорно однесување во моментите кога во светот владее пандемија на Коронавирусот. Федерер не ги почитувал основните препораки од светската здравствена организација (СЗО), а тоа е да носи масна на устата и носот, а не ја држеше ниту препорачаната дистанција.

„Тоа што го рековме за Ѓоковиќ мораме да го повториме и тука. Роџер се фотографирал со навивачи, а воопшто не носеше маска, ниту пак беше запазена физичката дистанца од еден и пол метар. Некои од фановите дури му даваа и пенкала за да им потпише автограм. Тоа е многу погрешно“, вели првиот човек на специјализираниот тениски портал „Пунто де Брејк“, Жозе Морон.

- Оглас -

Најнови вести