По Арсенал и Манчестер сити, вечерва запиша три бода во битката за титулата во Премиер лигата откако со 3:1 го совлада четвртопласираниот тим на табелата, Астон вила.
Со триумфот, Граѓаните се израмнија со Ливерпул на второто место на табелата, двата тима имаат по 67 бода, но Црвените својот од ова коло ќе го играат утре, додека лидер на табелата е Арсенал, кој има еден бод повеќе. Астон вила пак остана на четвртото место на табелата со 59 бода, два повеќе од Тотенхем, кој има натпревар помалку.
Ова беше 40-ти натпревар за Манчестер сити на кој нема пораз пред своите гледачи на „Етихад“ стадионот. Последен пат Манчестер сити на домашен терен загубил во декември 2022 година, и тоа од Брентфод.
Херој на Граѓаните е Фил Фоден, кој постигна хет-трик.
Резултатот го отвори Родри во 11-тата минута, а девет минути подоцна Дуран израмни на 1:1.
Потоа на сцена стапи Фоден, кој ги постигна останатите голови за својот тим.
Англискиот репрезентативец прво во последните моменти од првиот дел погоди за 2:1, а со двата гола во второто полувреме ги реши дилемите околу победникот. Во 62-рата минута зголеми на 3:1, а седум минути подоцна, на асистенција на Хулијан Алварес, го постави конечниот резултат.