Јувентус води и верува во чудо, Реал игра 1:1 во Мадрид, Монако го стресе ПСЖ (Видео)

Јувентус минимално со 1:0 води против Галатасарај во Торино по првото полувреме во реванш-мечот од плејофот за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Италијанскиот гигант вечерва има предност, но севкупно е во заостанување затоа што Галатасарај на првата средба победи со 5:2. Тоа значи дека на Јувентус му требаат најмалку уште два гола за да се надева дека ќе остане во елитното друштво.

Голот за водство од 1:0 го постигна Локатели од пенал во 37-мата минута и тоа може да го видите ТУКА.

Во Мадрид е највозбудливо, каде што Реал и Бенфика играат 1:1 по првите 45 минути. Овој резултат им одговара на мадриѓани, кои славеа со 1:0 на првата средба во Лисабон.

Гостите од Португалија први дадоа гол, и тоа преку Рафа Силва во 14-тата минута и овој погодок може да го видите ТУКА.

Сепак, многу кратко траеше радоста на гостите. Реал израмни преку Чуамени во 16-тата минута, по одличната асистенција на Валверде. Погодокот на Реал може да го видите ТУКА.

Возбудливо е во Париз, каде што Монако изненадувачки води со 1:0 против Пари Сен Жермен, и тоа со голот на Аклиуш во 45-тата минута и тој гол може да го видите ТУКА. 

Местото во осминафиналето вечерва го обезбеди Аталанта, која во „луд“ меч со 4:1 ја победи Борусија Дортмунд и тоа беше доволно за италијанскиот тим да остане во елитното европско друштво.

- Оглас -

Најнови вести