Управата на Барселона нема друг избор освен да го продаде и Антоан Гриезман, еден од најплатените играчи во екипата, со цел да ги регулира финансиите.
Каталонците се во трка со времето да ги намалат трошоците за плати на двојно помалку до овој петок, 9 јуни, за да може да ги регистрираат новите засилувања: Агуеро, Гарсија, Емерсон и Мемфис Депај.
Поради овој проблем, Гриезман се најде меѓу фудбалерите од кои се очекува летово да го напуштат „Камп ноу“. Покрај француската ѕвезда, Барса треба да се ослободи уште од Кутињо, Серхи Роберто, Нето, Алења, Брајтвајт, како и Пјаниќ и Умтити, кои пак одбија спогодбено раскинување на договорите.
Во меѓувреме, од клубот заминаа: Матеус, Тринкао, Хуан Миранда, Тодибо и Конрад, но само последните двајца донесоа пари во касата кои се продадени во Ница, односно Марсеј.
Што се однесува до екснапаѓачот на Атлетико Мадрид, се поврзува со трансфер во Манчестер сити доколку англискиот шампион не успее да го купи Хари Кејн, кој е прва цел на Пеп Гвардиола.