Барселона до петок мора да реши еден голем проблем

Управата на Барселона до петок, 9 јули, мора да ги намали трошоците во плати на фудбалерите и целиот персонал за двојно помалку од моменталната сума која ја издвојува. Каталонскиот гигант во спротивно ќе се соочи со проблеми околу финансискиот фер-плеј и не ќе може да ги регистрира летните засилувања за новата сезона во Ла Лига.

Вкупно 347 милиони евра потроши Барселона за плати во минатата сезона, а тој трошок мора да се сведе до 160 милиони евра. Ова е една од кочниците што Лапорта не може да го потврди новиот договор на Лионел Меси, кој патем беше најплатен фудбалер во клубот пред да му истече договорот на 30 јуни.

Поради овој проблем, Барса ги убедуваше Пјаниќ и Умтити да потпишат спогодбени раскини на договорите, но и двајцата играчи одбија. Во меѓувреме се намалуваат платите на играчи, Пике веќе прифати, се чекаат Алба и Бускетс.

Инаку нови аквизиции на Барса се Серхио Агуеро, Ерик Гарсија и Мемфис Депај како слободни играчи, додека 9 милиони евра се издвоија за бекот Емерсон.

- Оглас -

Најнови вести