Барса на сите начини се обидува да се ослободи од двајца играчи, но не успева

Барселона на сите начини се обидува да се ослободи од двајца играчи кои имаат високи плати, а нема да бидат во плановите на Роналд Куман во новата сезона. Сепак, Миралем Пјаниќ и Самуел Умтити одбија спогодено раскинување на договорите, што за управата на каталонскиот гигант е огромен проблем.

Пјаниќ заработува 8,4 милиони евра по сезона, сума која Барса не може да си ја дозволи доколку Босанецот ја грее клупата, односно не придонесува за резултатите. Умтити на „Камп ноу“ ќе се задржи до јуни 2023 година според договорот, како што самиот соопштил по понудата да биде ослободен.

Засега нема интерес ниту за Пјаниќ, а ниту за Умтити, но летниот преоден рок само што почна, па Барселона ќе се надева на пресврт и евентуална продажба и на двајцата, за да може да продолжи со реконструкцијата на тимот.

- Оглас -

Најнови вести