Познатиот пребарувач „Гугл“ претрпе доста сеир со интересни коментари откако долго време имаше објавено дека Реал Мадрид го победи Челзи со 1:0, на вчерашниот прв полуфинален дуел во Лигата на шампионите.
Резултатот е погрешен бидејќи мечот заврши нерешено 1:1, со головите на Кристијан Пулишиќ за Челзи и на Карим Бензема за Реал и двата во првото полувреме.
Информацијата на „Гугл“ никако не може да биде точна бидејќи Реал воопшто и не водеше на мечот. Имаше доста коментари за грешката на познатиот пребарувач, а еден од најинтересните е дека и „Гугл“ навива за Реал Мадрид.