И Италија сака да биде организатор на Европско првенство

Фудбалската федерација на Италија денеска и официјално поднесе кандидатура за организација на Европското првенство што ќе се одржи 2032 година, објави Европската фудбалска федерација (УЕФА) на својата официјална интернет-страница.

Италијанците веќе ги одредија градовите во кои би се играле натпреварите на ЕП 2032 доколку ја добијат организацијата, тоа се: Милано, Торино, Верона, Џенова, Болоња, Фирнца, Неапол, Бари, Калјари и Рим.

Денеска кандидатура за организација на Европското првенство поднесе и Турција и тоа е шести обид оваа земја да биде организатор на континенталното натпреварување, додека Обединетото Кралство и Ирска поднесоа заедничка кандидатура за ЕП 2028.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести