По две години и Кантер ги дочека своите пет минути (Фото)

Енес Кантер по цели две години конечно патуваше надвор од САД, а сè уште го има статусот бегалец откако му го одзедоа турскиот пасош.

Вчера настапи за Бостон во Канада против Торонто и за првпат по две години патуваше надвор од САД, земјата која не му прави проблеми со престојот.

„Ѝ благодарам на Канада што ми овозможи да играм за Бостон селтикс и на божиќниот меч. Ви благодарам и што примивте дел од турските бегалци кои се под притисок од режимот на Ердоган“, се заблагодари Кантер.

Тој на загревањето носеше маица со натпис „Слобода за сите“, а одигра одличен меч и постигна 12 поени со 11 скока во победата на Бостон против Торонто од 118:102.

Причината за проблемите на Кантер е што го подржува Фетулах Ѓулен, кој беше обвинет од Реџеп Таип Ердоган за организација на пучот во Турција, а кошаркарот потоа мина низ пеколни маки.

Таткото на Кантер беше затворен, а Енес го загуби турското државјанство иако престојува во САД и игра кошарка во НБА-лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести