И Леброн Џејмс уживаше во шоуто на Ентони Дејвис, Дончиќ го сруши рекордот на Џордан (Видео)

Лос Анџелес лејкерс не дозволи никакво изненадување и на свој терен со 142:125 ја победија Минесота, во еден од шестте меча кои се оидграа утрово во НБА лигата. Со овој триумф Лејкерс продолжува со неверојатната низа и веќе има 21 победа во 24 меча, додека Минесота го претрпе 12 пораз во 22 средби.

Фантастичен меч одигра Ентони Дејвис кој даде 50 поени, а имаше и седум скока и шест асистенции. Во ритам беше и Леброн Џејмс со 32 поени, 13 асистенции и четири скока.

https://youtu.be/8nHfSlNQ2Pg

Лука Дончиќ даде 27 поени, но тоа беше премалку, па Далас на свој терен загуби од Сакраменто со 110:106. Гостите одиграа феноменално прво полувреме во кое стигнаа до предност од 66:46. Ова водство од 20 поени, се покажа како недостижно за Далас во вториот дел.

Дончиќ на крајот покрај 27-те поени, имаше и 8 асистенци и 7 скока, биланс кој беше доволен да се сруши рекордот на Мајкл Џордан. Легендарниот во далечната 1989 година имаше 18 меча во низа на кој даваше 25+ поени, 5+ асистенции 5+ скока, а сега Дончиќ успеа по 19 пат по ред да стигне до вакво постигнување. Пред младиот СЛовенец сега е само Оскар Робертсон со 29 вакви средби.

 

Во останатите мечеви: Мајами – Чикаго 110:105, Филаделфија – Торонто 110:104, Вашингтон – ЛА Клиперс 119:135, Портланд – Оклахома 96:108,

- Оглас -

Најнови вести