И успехот не им чини – Марсело им покажа среден прст на ултрасите на Лион (Видео)

Лион одигра 2:2 со Лајпциг, доволно за да се пласира во нокаут-фазата, но и кога имаат успех, Лавовите од „Жерлан“ имаат многу проблеми и недоразбирања со своите симпатизери.

Се изнервира Бразилецот Марсело, кој влезе како резерва во 87-мата минута, а по мечот им покажа среден прст на ултрасите на Лион.

Marcelo middle finger to Olympique Lyonnais ultras from soccer

Причина за ваквата реакција е што навивачите на Лион го сметаат стоперот на Лион за еден од главните виновници за скромните резултати на клубот во француската Лига 1 и особено за поразот од Лил на домашен терен од 0:1 пред две кола.

Лион е седми на табелата во домашното првенство со 14 бода заостанување зад лидерот ПСЖ по 17 кола.

 

- Оглас -

Најнови вести