И на Виландер му стана јасна играта: Само го налутија Ѓоковиќ, ако го пуштат да игра ќе му нема рамен на Австралија опен

Матс Виландер често го критикуваше Новак Ѓоковиќ во изминатите години, но признава дека со „малтретирањето“ што сега му се случува на најдобриот тениски ас на светот, од страна на австралиската Влада само ќе го налутат дополнително и дека ќе му нема рамен на Австралија опен, ако во понеделник му дозволат да игра во Мелбурн.

„Не би сакал да сум им во кожа на тие што го раазлутија. Новак е најсилен кога ќе се налути. Сите знаеме дека ќе проработи инаетот кај него и како тоа изгледа. Доколу по целиот хаос му дозволат да влезе во Австралија и да настапи во Мелбурн ќе му нема рамен. Мислам дека сега тоа на сите им е јасно“ вели Виландер.

На Ѓоковиќ му се случува шокантна ситуација, откако доби медицинска потврда за изземање од вакцинација, но кога слета во Мелбурн, австралиската Влада му ја поништи визата и во мачна ситуација најпрво го држеше долго на аеродромот, а потоа го префрли во објект за мигранти.

Ѓоковиќ ќе биде сместен таму до понеделник кога Федералниот суд треба да одлучи дали ќе му даде зелено светло да игра на првиот гренслем турнир во сезоната, или ќе го депортира назад.

Новак е своевидна икона на Австралија опен, каде е актуелен шампион и со 9 титули и најтрофеен во историјата на престижниот турнир.

Според Виландер ако Новак игра на турнирот од 17 до 30 јануари ќе стаса до јубилејната десетка во Мелбурн и ќе биде рекордер во историјата на тенисот со 21 гренслем круна.

Моментно Србинот, Рафаел Надал и Роџер Федерер имаат по 20 гренслем трофеи на делба на челната позиција на вечната листа со најтрофејни тенисери на четирите гренслема.

 

- Оглас -

Најнови вести