Се чека депортација на Ѓоковиќ, австралиските власти брзо го заборавија феноменалниот гест на Новак (Фото)

Новак Ѓоковиќ се уште очекува исход од жалбата што неговиот адвокатски тим ја поднесе по одлуката на Владата на Австралија да не му дозволи влез во земјата и со тоа и настап на првиот гренслем во сезоната, на Отвореното првенство на Австралија во тенис, што треба да се игра од 17. до 30. јануари во Мелбурн.

Ѓоковиќ има медицинска потврда дека не смее да се вакцинира, а издадена му е од независна комисија од медицински експерти, но по слетувањето во Мелбурн вчера претрпе вистинска голгота.

Не му беше дозволено да ја мине границата и заврши дури и во изолација во просторија наменета за имигранти, а одземен му беше телефонот. Голготата на најдобриот светски тенисер и рекордер со 9 титули на Австралија опен веројатно ќе заврши со депортација, а интересно е што пред неполни две години Новак Ѓоковиќ и помогна на Австалија со хуман гест, кога во оваа земја беснееа пожари.

Ноле тогаш одговори на предизвикот на Марија Шарапова и на нејзината стартна донација од 25 илјади долари одговори џентлментски со почетен влог од 50 илјади долари, како помош за Австралија.

 

- Оглас -

Најнови вести