НБА станува циркус-лига – Ајде влези во игра, чекај дресот го заборавив во соблекувалната (Видео)

Јакоб Поетл, центарот на Сан Антонио, постапи аматерски и заборави да облече дрес на дуелот против Лос Анџелес клиперс, па кога забележа дека под тренерката има обична маица, отрча во соблекувалната за да го стори тоа што е основна работа во професионалната кошарка.

https://twitter.com/Dylangonzalez21/status/1224542740408610821?s=20

Поетл е резервен центар на Сан Антонио, а потегот е смешен за лига каква што е НБА, без конкуренција најсилна на планетата.

Австриецот брзо се врати опремен како што треба, а доби иронични аплаузи од соиграчите. Тренер на Сан Антонио е Грег Попович, еден од најстрогите стратези во НБА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести