Неверојатно пиротехничко шоу, но забавата ја расипа повредата на првата ѕвезда во репрезентацијата (Видео)

Парагвајската фудбалска репрезентација со убедлива победа од 4:0 над Никарагва, ги заокружи подготовките пред стартот на Светското првенство. Два гола во првото и два гола во второто полувреме постигнаа фудбалерите на Парагвај за зголемување на самодовербата пред настапот на Мундијалот.

Навивачите во стадионот во Асунсион направија спектакуларно испраќање на своите миленици. Пред почетокот на средбата, од сите страни на трибините имаше пиротехничко шоу.

Убавата атмосфера, добрата игра и високата победа сепак, беа расипани по повредата на првата ѕвезда во репрезентацијата, Хулио Енцисо. Тој се повреди во 25 минута и мораше да биде изненсен од теренот. Засега нема информации за сериозноста на повредата, но може да се случи Парагвај на Мундијалот да остане без својот најдобар играч. Фудбалерот со солзи во очите го напушти теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести