И ова го има во Ултимејт фајт – Судија е избркан откако не прекина меч и му го загрози животот на борецот

Вјачеслав Киселјев ја заврши кариерата како судија во Ултимејт фајт борбите, откако не прекина меч навреме и го загрози животот на еден од борците.

Киселјев одлучи да не ја прекине борбата меѓу Елисеу Залески и Бењоа Сен-Денис, иако сите го очекуваа тоа, по зазтрашувачката доминација на Залески.

Сен-Денис беше грогиран и немоќно трепеше удари од Залески, но Киселјев одби да ја прекине нерамноправната битка во Октагонот.

Дури и од публиката и од коментаторите имаше повици да им стави крај на маките на немоќниот борец, но судијата зачудувачки одлучи да ја продолжи борбата.

„Прекини ја борбата. Не знам што гледа овој судија и што треба да се случи за да ги прекине маките на Сен-Денис. Жал ми е за Бењоа“, изјави легендарниот УФЦ борец Даниел Кормие, кој ја имаше улогат на коментатор на мечот.

По завршувањето на битката од УФЦ објавија дека Киселјев веќе нема да суди.

- Оглас -

Најнови вести