И покрај лошата форма на Милионерите, Борусија е убедена дека ќе го елиминира Спортинг

Минатогодишниот финалист во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд, ќе има голем предизвик во плејофот за пласман во осминафиналето. Милионерите гостуваат во Лисабон против Спортинг, а според квотите, португалскиот тим е фаворит за победа.

Борусија во Лисабон ќе биде со новиот тренер Нико Ковач, кој имаше лошо деби затоа што во Бундеслигата загуби на свој терен од Штутгарт со 2:1. Тоа беше петти пораз во последните осум средби за Борусија, но Ковач е убеден дека неговиот тим на крајот ќе се радува по двомечот со Спортинг.

„Атмосферата сигурно ќе биде пеколна. Против себе имаме технички силен противник кој сака да ја контролира топката. Треба да бидеме сплотени во текот на сите 90 минути. Сепак, убеден сум дека може да се спротивставиме. На тренинзите го видов тоа што сакам да го видам кај фудбалерите. Спортинг е лидер во првенството на Португалија, и тоа покрај ривали како што се Порто и Бенфика, што доволно кажува за нивниот квалитет. Сакаме да направиме добар резултат на гостувањето за да имаме подобра стартна позиција пред реваншот на наш терен“, рече Ковач.

- Оглас -

Најнови вести