И понеделник е убав ден за фудбал – Погледнете ја совршената акција на Челзи (Видео)

Челзи го доби лондонското дерби против Вест хем со 3:0, а акцијата за последниот гол на мечот што го постигна Тами Абрахам беше вистинско ремек-дело на домаќините. Ја почна Пулишиќ од својата половина на теренот, со петица ја украси токму стрелецот на голот, кој потоа и успеа по вторпат да ја затресе мрежата на гостите.

Тами Абрахам беше стрелец и на вториот гол за Челзи, а и двата ги постигна во краток рок само од 120 секунди.

Челзи поведе со погодокот на Тијаго Силва во 10-тата минута, и тоа во вистински момент, кога во таборот на домаќините се повреди Бен Чилвел, кој беше заменет непосредно пред првиот погодок на мечот.

Челзи ја прекина мини-серијата од два порази и со 25 бода се израмни со уште еден ривал од Лондон, Тотенхем, на петтата позиција. Вест Ххм е 10-ти со 21 бод.

- Оглас -

Најнови вести