Помалку од 24 часа остануваат да се одигра бесплатната понуда во 16-тото коло на Спортската прогноза и на тој начин да се вклучите во трката за освојување на примамливите подароци. Вкупно 13 пара од петте најсилни лиги во Европа се на менито за овој викенд, а предизвик за секој прогнозер е да се обиде да стигне до Среќна 13-ка.
На кој начин може да се дојде до Среќна 13-ка? Со погодување на фиксовите на сите 13 понудени пара. Доколку тоа некој го направи, ќе има можност да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени пара следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека за погодена 11-ка ваучерот е 500 денари.
Во понудата за овој викенд има многу интересни дуели, но сепак еден е посебно атрактивен. Јувентус е домаќин на Милан во дербито на Серија А. Старата дама игра дома сезонава и е експерт за нерешени резултати, има 13 ремија во 20 средби, а уште нема ниту еден пораз. Токму затоа речиси 50 отсто од прогнозерите очекуваат дербито да заврши „икс“.
Комплетната понуда за прогнозирање може да ја најдете со притискање на копчето Прогнозирај.