И сопственикот на Челзи се пушти во борбата против Коронавирусот

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, го ослободи клупскиот хотел кој се наоѓа покрај стадионот „Стемфорд бриџ“ за персоналот на Националната здравствена организација на Англија. Во следните два месеци на докторите и медицинските сестри кои се мобилизирани во Лондон ќе им биде обезбедно сместување.

Голем дел од медицинскиот персонал ќе работи двојни смени и нема да биде во можност да се врати во своите домови, па затоа Абрамович одлучи на овој начин да учествува во битката против Коронавирусот и да им обезбеди услови на луѓето кои го жртвуваат сопственото здравје со цел да ги спасат граѓаните од опасниот вирус.

Според последните информации, во Велика Британија има повеќе од 1.900 заразени со Коронавирусот, меѓу кои има фудбалери и тренери од Премиер лигата, додека 71 лице ја загубија животната битка.

- Оглас -

Најнови вести