Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ само по шест месеци во Ал-Хилал, сака да ја напушти Саудиска Арабија и да се врати во Европа, а најголем интерес за него пројавува Јувентус.
Според италијанските медиуми, Милинковиќ-Савиќ им се пожалил на поранешните соиграчи во Лацио дека не е среќен во Саудиска Арабија и дека со задоволство би се вратил во Италија.
Весникот „Тутоспорт“ пишува дека Јувентус веќе почнал да крои план за летен трансфер на Милинковиќ-Савиќ иако челниците на Старата дама се свесни дека тешко ќе им одат преговорите со претставниците на Ал-Хилал, кои му плаќаат 20 милиони евра по сезона на српскиот репрезентативец.
❗️Milinkovic-Savic could again become an opportunity for Juve in the summer mercato.
[@tuttosport] #Juventus pic.twitter.com/qkT2wucb2Q
— Forza Juventus (@ForzaJuveEN) January 23, 2024