И такво време дојде, да се радуваме на тренинг – Шампионот Баерн прв во погон во Германија

Баерн Минхен почна со тренинзи на отворено, а денеска на комплексот за тренинг на германскиот шампион играчите работеа одвоено во помали групи.

Баварците се првиот клуб во Германија што се врати на тренинзи, со почитување на мерките за здравствена заштита што важат во оваа земја.

Роберт Левандовски и соиграчите, како што беше и најавено, го одржаа тренингот во групи од по 4-5 фудбалери, но најважно е што веќе не се комплетно во домашен карантин, туку имаа можност да тренираат и на отворено.

Според најавите, Герамнците се подготвуваат за продолжување на прекинатата сезона од мај, а за да се заврши првенството што е рангирано во Топ-5 во Европа остануваат уште 9 кола.

По 25 одиграни рунди, лидер во Бундеслигата е токму шампионот Баерн со 55 бода, пред Борусија Дортмунд со 51, а шанси за титулата имаат и Лајпциг со 50 бода, Борусија Менхенгладбах со 49 и Баер Леверкузен со 47 бодови.

Баерн е единствената екипа во Германија што игра на три фронта, а има шанси за двете домашни титули, во првенството и Купот, и во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести