И тивкиот Кочов збесна: Знаевме како ќе играат и пак правевме глупости во финишот

МЗТ Скопје победи со 70:69 против Хелиос во меч од АБА 2 лигата, но одигра многу лоша завршница и за малку ќе прокоцкаше двоцифрена предност.

Со погодено слободно фрлање, Мекиќ ја донесе победата, а Хелиос не погоди во последниот напад за среќа на македонскиот претставник во Јадранската лига.

„Знаевме како ќе играат, знаевме дека ќе играат зона, но таква неодговорност и такви глупости во завршница се недозволиви. Сè правевме како што не треба за тие да победат, но добро е што ние сепак успеавме да победиме“, изјави Кочов.

МЗТ Скопје влезе во последниот период со предност од 12 поени разлика, откако ги доби сите три периоди претходно, но одигра многу лош финиш и последни 10 минути.

Хелиос со тројка на 18 секунди до крај израмни на 69:69, потоа направија фаул, а Мекиќ погоди еднаш од два обиди. Хелиос го имаше последниот напад, но, за среќа, промашија и МЗТ сепак ја забележа четвртата победа на петтиот меч во АБА 2 лигата.

- Оглас -

Најнови вести