И тоа дочекавме, Ливерпул ЗАГУБИ премиерлигашки меч!

Во сезоната во која постави многу рекорди и има 22 бода предност пред вториот, Ливерпул го претрпе првиот пораз и тоа убедлив со 0-3, на гостувањето кај Вотфорд, тим кој се бори за опстанок.

Вотфорд немаше победа уште од 12 јануари, а со овие три бода побегна од зоната на испаѓање. Стршените на последните осум дуели со Ливерпул имаа само еден бод и гол-реазлика 0-15, па затоа шокот е голем. Сар со два гола и Дини, беа стрелци.

Ливерпул и натаму е на 22 бода плус во однос на Манчестер сити кој има и еден натпревар помалку. Црвените на последните девет меча на кои имале негатива од два гола разлика, секогаш губеле. Тимот од Јирген Клоп не успеа да постави лигашки рекорд од 19 победи по ред. Падот во формата им е евидентен, се мачеа и во претходниот меч со Вест Хем, а загубија и од Атлетико во ЛШ без постигнат гол.

Ливерпул од октомври 2017 немаше загубено премиерлигашки меч со три гола разлика, и тоа говори како играа вечерва. Некои аналитичари сметаат дека најголем проблем за Ливерпул е што кога не играат Хендерсон и Милнер, екипата го нема потребниот интензитет.

- Оглас -

Најнови вести