Ал-Наср славеше со 2:0 на гостувањето кај Ал-Вехда, а главен на теренот беше Кристијано Роналдо. Португалецот погоди за 1:0 на почетокот на второто полувреме, а се играше судиското надополнување кога токму Роналдо изведе еден слободен удар, а топката удри во раката на фудбалер кој беше во „живиот ѕид“.
Судијата доби сигнализација од ВАР-собата да ја провери ситуацијата, а потоа реши дека треба да има пенал за Ал-Наср. Иако Роналдо го изнуди пеналот и речиси секогаш тој ги изведува ударите од белата точка, овојпат не беше така.
Португалецот реши да му дозволи на Садио Мане да го шутира пеналот, кој беше претворен во погодок. Едноставно, Роналдо одлучи да му препушти на Мане еден гол, иако Португалецот можеше да биде уште еден чекор понапред во остварување на неверојатното, а тоа е да стигне до бројката од 1.000 гола во кариерата.
Ситуацијата околу пеналот и голот на Мане може да ги видите ТУКА.