И тоа се случува: Јокиќ и Дончиќ не можеа „да го погодат кошот“ (Видео)

Балканските НБА ѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ покажаа дека не се роботи, туку дека и тие може да имаат лош ден на теренот, па нормално нивните екипи беа поразени. Денвер го претрпе само петиот пораз на домашен терен во 35-тиот меч, откако Чикаго беше подобар со 117:96.

Ова беше само втор меч сезонава, центарот на Денвер, Јокиќ да има шут под 50 отсто реализација. Србинот имаше реализација од седум погодени шута од 16 обиди од поле, имаше и пет загубени топки, но на крајот малку фалеше повторно да заврши со трипл-дабл затоа што имаше 18 поени, 12 скока и осум асистенции, што значи дека му недостасуваа две асистенции. Кога Јокиќ беше на теренот, неговиот тим имаше негатива во резултатот од 14 поени, што само зборува дека Србинот сака што е можно побрзо да го заборави овој меч.

Лоша вечер имаше и Дончиќ, а неговиот Далас загуби на гости кај Њу Орлеанс со 113:106. Словенецот погоди само 4 шута од 14 обиди од поле, а на крајот заврши со 15 поени, па неизбежно делуваше поразот од 113:106 на Далас.

Резултати: Вашингтон – Атланта 120:122, Бостон – Портланд 115:93, Мајами – Кливленд 100:104, Њу Орлеанс – Далас 113:106, Денвер – Чикаго 96:117, Феникс – Оклахома 132:101, ЛА Клиперс – Торонто 108:100.

- Оглас -

Најнови вести