И третото полувреме меѓу Струга ТЛ и Жалгирис заврши без голови

Фудбалерите на Струга ТЛ и Жалгирис одиграа без голови по првото полувреме од реванш натпреварот во првото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.

На мечот кој се игра на „Билјанини извори“ во Охрид, македонскиот шампион беше подобар на стартот, а финишот на првиот дел му припадна на литванскиот.

Уште на самиот старт, најдобриот стрелец на Струга ТЛ, Бесарт Ибраими се закани кон голот на Гертмонас, но неговиот шут откосо од 11-тина метри, заврши покрај голот. Во 18-та минута, Радевски го проигра Кривањева, кој не се снајде најдобро, по што дефанзивците на Жалгирис ја исфрлија топката во корнер.

Одлична шанса имаше и Радевски во 32-та минута, но голманот на Жалгирис го одбрани ударот.

Литванците притиснаа во финишот и ја имаа најдобрата шанса во првото полувреме, во 38-та минута Ојевуси шутираше од 13-тина метри, но голманот Ќосевски, беше на висина на задачата. Во последните моменти од првиот дел, гостите имаа уште една шанса, но Ќосевски уште еднаш одлично интервенираше.

Првиот натпревар кој се играше во Вилнус, заврши без голови.

- Оглас -

Најнови вести