И во Бундеслигата се тепаат – Бокс-меч имаше на „Шварцвалд арената“ (Видео)

Капитенот на Ајнтрахт Франкфурт, Давид Абрахам, предизвика масовна тепачка во финишот на мечот против Фрајбург откако грубо го турна домашниот тренер Кристијан Штрајх.

При резултат 1:0 за Фрајбург во 95-тата минута, Абрахам реагираше неспортски и предизвика инцидент, кој продолжи со тепачка меѓу фудбалерите на двата тима.

https://youtu.be/VR6Af77OkZo

https://youtu.be/4X3es7D0q7E

Интересно е што 33-годишниот капитен на гостите играше за Базел, а Штрајх беше тренер на големиот ривал од Швајцарија Јанг бојс, па се случи инцидент меѓу нив двајца во Бундеслигата.

Абрахам доби црвен картон, претходно во првото полувреме беше исклучен и неговиот соиграч Фернандес, а по мечот црвен картон доби и играчот на Фрајбург Грифо.

- Оглас -

Најнови вести