Серж Гнабри ги пропушти последните два меча за Баерн, откако тестот за Коронавирусот пред мечот со Атлетико Мадрид се покажал како позитивен. Поради тоа, германскиот репрезентативец не играше против Јорганџиите во Лигата на шампиони, но го немаше ниту за дуелот против Ајнтрахт во Бундеслигата.
За среќа, Баерн и без Гнабри оствари две убедливи победи. Атетико беше победен со 4:0, а Ајнтрахт прими дури пет гола, додека Гнабри беше во изолација.
Од Баерн побарале ново тестирање за фудбалерот, кое било направено денеска, а резултатот е дека е негативен на Коронавирусот. Подоцна од баварската болница потврдиле дека претходниот тест бил грешен и дека Гнабри всушност бил лажно позитивен.
ℹ️ @SergeGnabry has been released from the self-isolation he has been observing for the last five days, with immediate effect.
— 🇺🇸 FC Bayern US 🇨🇦 (@FCBayernUS) October 25, 2020
Тоа значи дека Гнабри без никаква потреба беше во изолација и ги пропушти двете последни меча. Од денеска, изолацијата на Гнабри е укината и тој може да се врати на тренинг и да биде во составот за следниот натпревар на Баерн, а тоа е против Локомотив во Москва в вторник во рамките од второто коло од Лигата на шампиони.