И во новото коло, римско-миланските дербија повторно се главни во Спортска прогноза

Денеска почнува типувањето за новото, 29-то коло на Спортска прогноза што за вас ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

Стандардно, викенд-понудата за новото коло има мечеви од најсилните лиги во Европа кои се играат в сабота и недела, а втора недела по ред во центарот на вниманието се римско-миланските дуели, како и дербито во Премиер лигата меѓу Њукасл и Арсенал.

Минатото коло во Серија А играа Интер-Лацио и Рома-Милан, а во ова коло на „Сан Сиро“ ќе играат Милан и Лацио, додека на „Олимпико“ во Рим, Римската волчица ќе го пречека вториот тим од Милано, Интер.

Токму со саботниот натпревар меѓу Милан и Лацио започнува 29-тото коло, а мечот е закажан за 15 часот и тоа е терминот до кој најдоцна може да прогнозирате и да чекате награди.

Во 18 часот ќе се игра и втората римско-миланска пресметка меѓу Рома и Интер, а во саботната понуда има уште пет натпревари, и тоа Херта – Штутгарт, Хофенхајм – Ајнтрахт Франкфурт, Вулверхамптон – Астон вила, Ница – Рен и Ленс – Олимпик Марсеј.

Во недела главен меч ќе биде тој што ќе се игра на „Сент Џејмс парк“ меѓу Њукасл и Арсенал од 17.30 часот. Освен премиерлигашкото дерби, неделата носи пресметки и меѓу Оксер – Клермон, Лориен – Брест, Нант – Стразбур и Лече – Верона.
Тука се и двете резерви, Аугсбург – Унион Берлин и Вест хем – Манчестер јунајтед, кои се бројат за генерален пласман.

За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

X Box Series X

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести