Претседателот на Светската боксерска федерација (ИБА), Умар Кремљев, одржа официјална прес-конференција, на која зборуваше за настапот на двете спорни боксерки на Летните олимписки игри, Имане Келиф од Алжир и Лин Ју-тинг од Тајван.
Двете боксерки беа суспендирани од страна на ИБА и им беше забранет настап на Светското првенство во Индија, но МОК не ја почитуваше оваа одлука и им дозволи да се натпреваруваат во Париз, што предизвика реакции од целиот свет.
„Резултатите од премориците од крвта земени од Келиф и Лин на 17-ти мај 2022 во Истанбул и 17-ти март 2023-та во Индија покажаа хромозоми кои се недозволиви во женскиот бокс. Поради доверливоста на медицинските податоци не можеме да ги покажеме тестовите, но сите знаете да читате меѓу редови и да заклучите за што се работи.“ – вели портпаролот на ИБА, Крис Робертс.
Chris Roberts, IBA CEO, says two blood tests were taken on Imane Khelif and Lin Yu-Ting. One in 2022 and one in 2023. The results ‘demonstrated the chromosomes we refer to in competition rules that make both boxers ineligible’. Adds: ‘We are not in a position due to medical…
— Mike Keegan (@MikeKeegan_DM) August 5, 2024
„Тие доброволно прифатија да дадат крв, а тестовите покажаа дека имаат ниво на тестостерон како машки. Баш исто како машки. ИОК се плаши од вистината. Ние ќе направиме се за да ги заштитиме боксерките. Боксерките кои се оштетени ќе добијат пари за се ова што се случува.“ – вели претседателот на ИБА, Умар Кремљев.