Ибра: Речиси бесплатно играм за Милан, ако треба и куќата ќе ја дадам!

По пауза од долг период, Златан Ибрахимовиќ синоќа повторно се појави на теренот во дресот на Милан. Легендарниот шведски напаѓач влезе во игра во 74-тата минута на дуелот против Аталанта.

Со овој настап, Ибрахимовиќ со 41 година и 146 дена стана најстар фудбалер кој заиграл во Серија А, надминувајќи го рекордот на Алесандро Костакурта. По мечот, Ибра најави дека се чувствува добро.

„Ми недостасуваа навивачите. Им благодарам за енергијата што ми ја даваат. Без нив е многу потешко. Одлично се чувствувам, најдобро во последните година дена. Сакам да се борам со соиграчите за да добијам поголема минутажа. Ако не мислам така, тогаш нема да бидам тука“, вели Ибрахимовиќ, кој беше запрашан и за тоа дали може да го убеди Рафаел Леао да го продолжи договорот со Милан.

„Јас мојата плата ја намалив за да може Леао да добие повеќе пари. Речиси како бесплатно да играм сега. Ако сакате и мојата куќа ќе ви ја дадам“, беше одоговорот на Ибрахимовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести